Актерката Порша де Роси поради алкохол и строги диети го загрозила своето здравје и завршила во болница. Таа изјавила дека има цироза на црниот леб.
– Имав само 15 години кога почнав да пијам апчиња за слабеење. Со анорексијата се борам цел живот, а здравјето дополнително ми се влоши, кога почнав неумерено да пијам- вели Порша.
Иако пред два месеца се шпекулираше дека актерката завршила во болница на лечење поради зависност, ѕвездата на серијата „Али МекБил“, тврди дека морала во болница поради цироза на црниот дроб.
– Оптимист сум и редовно одам на контрола, иако знам дека состојбата во секој момент може да ми се влоши- рекла Порша
Медиумите јавуваат и дека нејзиниот брак со познатата водителка Елен Деџенерис веќе некое време е на стаклени нозе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



