| четврток, 6 декември 2018 |

Веб-платформа за овошје и зеленчук во Велес

esen_ovosje

Федерацијата на фармери на Република Македонија (ФФРМ) денеска во Велес одржa заедничка средба на фокус групите за овошје и зеленчук во рамки на проектот „Б2Б Форум – Работиме заедно за подобрување на синџирот за вредности за овошје и зеленчук“.

На средбата се претстави веб-платформа и ќе се дефинира нејзиното функционирање. Дел од веб-платформата ќе бидат и веќе дефинираните производи  (домат, пиперка, краставица, тиква, зелка, компир, јаболко, модра слива, праска, вишна, цреша) на средбите во Струмица со фокус групата за зеленчук и во Битола со фокус групата за овошје.

Проектот се имплементира од консултантската куќа ЕПИЦЕНТАР во соработка со ФФРМ, а е поддржан од СИППО (Швајцарска програма за промоција на извоз и увоз)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top