| четврток, 6 декември 2018 |

Taјзи собра 100.000 денари за помош на Ивана

Со хуманитарниот концерт на комановскиот пејач Тајзи, кој изминатиот викенд се одржа Центарот за култура во Куманово, беа собрани над 100.000 денари за лекување на сограѓанката Ивана Величковска која боледува од леукемија. Тајзи на настапот упати и апел до сите негови сограѓани и пошироко, доколку се во можност да донираат и со вртење на бројот 143 144 на Т-Мобиле и 143 772 на операторот ВИП.

По Куманово, Тајзи ја продолжува неговата концертна турнеја со следниот настап овој викенд, во Аква Парк-Пробиштип.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top