После распродадените 6 концерти во Македонска опера и балет во Скопје, Каролина Гочева со проектот „Македонско девојче”, ја започнува турнејата на отворено „Смеј ми се смеј”, во рамките на која ќе одржи концерти во античките театри во Битола и Охрид, а за 2 август ќе настапи во Дојран.
Во античкиот театар „Хераклеа“ во родната Битола, пејачката ќе настапи на 24 и 26 јули. Концертите ќе започнат во 21 часот, а картата ќе чини 300 денари
Во Охрид Каролина ќе пее на 25 јули, а влезниците за античкиот театар ќе чинат 400 денари за седење и 300 за стоење.
Во Градскиот парк во Стар Дојран, Каролина ќе настапи на 2 август.
Влезниците за четирите концерти веќе се во продажба,преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


