Електромобилите и електровелосипедите денеска ги промовираа градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и директорот на ЈП„ Градски паркинг“, Борче Јакимовски.
По цена од 50 денари по човек за електромобил и 100 денари за електровелосипедите, 20 минути ќе се вози по определена маршута низ скопските улици секој ден од 10 до 19 часот.
-Маршутата ќе почне од плоштадот „Македонија“, ќе се вози по улица Македонија до Мајка Тереза, Порта Македонија, после тоа ќе се оди преку мостот „ Око“ на плоштадот “ Филип 2 Македонски“ до Св„ Димитрија“ и назад, тоа е турата која што е предвидена засега – истакна градоначалникот Трајановски.
Возрасната граница за изнајмување е над 22 години, а сите оние кои ќе изнајмат елетромобил или електровелосипед ќе мора да остават и документи за лична идентификација кои ќе послужат во случај да има некое оштетување.
Градоначалникот Трајановски аплираше до сите оние кои ќе ги изнајмуваат електровелосипедите и електромобилите совесно да се однесуваат и да не ги оштетуваат истите, зошто во спротивно ќе следуваат казни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





