Новите електромобили за туристичко разгледување на Скопје ќе бидат со ретроизглед.
Во огласот за набавка на нови седум возила на ЈП „Градски паркинг“ се бара електромобилите да бидат со ретроизглед и, според проценките, ќе чинат околу 80.000 евра.
Според директорот Борче Јакимовски, „Паркинзи“ се решиле новите електромобили да бидат со ретроизглед бидејќи тој е поатрактивен за туристите.
Скопјани и туристите, со новите електромобили ќе можат да се возат од јули. Дотогаш во центарот на градот се изнајмуваат петте електромобили набавени лани и десетте електровелосипеди.
За десетината дена ќе биде поставен и пунктот за изнајмување на петте електротротинети. Цената за нив, според предлогот на ЈП „Градски паркинг“, ќе биде 100 денари за час, а треба да ја усвојат советниците во Советот на Град Скопје на седницата в четврток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.