| четврток, 6 декември 2018 |

Би-Би-Си: Британија и продавала компоненти за хемиско оружје на Сирија

Британија и продавала на Сирија хемикалии и други состојки кои се користат за правење смртоносен нервен гас, јави Би-Би-Си.
hemisko oruzje
Во документи од Форин офисот се гледа дека Сирија била снабдувана со хемикалии од Британија во 80-те години.
Во следните денови се очекува официјален Лондон да се изјасни дали британски фирми продавале таков материјал и дали Сирија признала дека тие фирми имале улога во нејзината програма за хемиско оружје.
Како што наведува медиумот, британски министри ќе соопштат дека во тоа време немало адекватни прописи кои тоа би го регулирале, туку строга контрола и правила постојат денес. Нервниот гас Сарин се споменува во бројни напади во граѓанската војна во Сирија во изминатите три години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top