| четврток, 6 декември 2018 |

АМСМ: Зачестени одрони, внимание по клисурите и засеците

vlazen patСообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ Македонија се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловоаи, а на места со остатоци од снег. Собраќајот се одвива без забрани застои и ограничувања на сите патни правци. Врнежи од снег има на планиските превои Маврово-Стража-Кичево М.Брод Крушево и Буково.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно по клисурите и засеците каде е можна зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово и Катланово-Велес. Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен и редовно ги контролират и одржуваат проодни  сите патни правци.

На автопатот Е-75 на патниот правец Велес-Скопје во тунелот кај Катланово поради изведување работи на електричната мрежа-осветлување, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, каде е поставена и соодветна сообраќајна сигнализација. Се очекува работите да потраат околу еден месец.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ ги потсетува сите возачи дека законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15.03.2013.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top