| четврток, 6 декември 2018 |

Модни награди „Ајрин 2014“: Олгица Ѓоргиева е најдобра дизајнерка на Европа и Русија

Olgica Georgieva dizajnerka (1)

Олгица Ѓоргиева, македонската модна дизајнерка победи во конкуренција за најдобар дизајнер за регионот на Европа и на Русија на интернационалните бугарски модни награди „Ајрин 2014“. Последниот, трет круг на гласање ќе трае до 16 јули, а се гласа преку социјалната мрежа фејсбук.

Maicki Olgica Gjorgievska 02

Во финалето се пласираат 10 креатори од девет светски региони. Во бодирањето се вклучени бројот на гласови дадени преку фејсбук. Таа ќе се бори за некое од првите места кои имаат високи наградни фондови за две сезонски презентации со ревии на Бугарската модна недела во период од пет години (2014-2020), како и можност за дипломатски прием во Софија , како и преставување на Модната недела во Пловдив.

– Драго ми е што станува збор за интернационален натпревар. Уште не сакам ништо да коментирам, но бенефитите од ваков настан се секогаш добредојдени – вели Ѓоргиева.

На изборот, освен Ѓоргиева, беа номинирани и дизајнерите Елена Лука и Бобан Илиевски. Минатата година во категоријата со дизајнери од регионот за Европа и Русија победи македонската дизајнерка Росица Мршиќ, во финалето меѓу светските дизајнери го освои петтото место, а ја зеде специјалната награда за најголем број на гласови од обожавателите на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top