Претседателот Ѓорге Иванов во Виена ќе се обрати на пленарна сесија на 5. Глобален форум на Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации. Насловен “Одговорно Лидерство во Различноста и дијалог” форумот во Виена ќе се фокусира на тоа како одговорно лидерство може да се направи разлика во промоција, заштита и целосно уживање на правото на верска слобода во контекст на религиозниот плурализам, медиумскиот плурализам, како и формирањето на нова приказна околу миграцијата, интеграцијата и мобилноста во глобалната економија. Вчера во Виена претседателот Иванов имаше повеќе билатерални средба, со австрискиот претседател Хајнц Фишер, заменик-генералниот директор на ООН за индустриски развој Таизо Нишикава и со генереалниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на 73. Генерално собрание на ОН
-
Каракамишева со апел до Иванов: Претседателе, имаме милион аргументи на наша страна, искористете ги
-
Претседателот Иванов им посака успешен настап на членовите на џез-квартетот „Форплеј“ од САД во „Вила Билјана“ во Охрид
-
Иванов: Да ја почитуваме и чуваме Република Македонија


