| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал во Русија поради полниот орган на Аполон на книжна банкнота

рубља

Рускиот пратеник Роман Худјаков смета дека е скандалозно да на банкнота од 100 руљи, на која е репродуциран симболот на московскиот Бољшој театар, се гледа полниот орган на Аполон, па побара од централната банка под итно да ја повлече и замени со друга, како децата би се заштитиле од порнографија.

– Едно е музеј, но голи богови на новчаница, тоа баш нема смисла. Тука не им е местото – објаснил за АФП, Худјаков, член на ултранационалистичката Либерално-демократска партија на Русија на Владимир Жирновски.

Пратеникот пишал на централаната банка барајќи да се замени банкнотата од 100 рубљи(2,13 евра) на која грчкиот бог на уметноста е во квадрига, приказ кој инаку го краси предниот дел на Бољшој театар. На Худјаков имено му смета што под кратката туника ѕиркаат интимните делови на Аполон.

Со реставрација на театарот неодамна, Аполоновиот полен орган е покриен со лист од винова лоза, како што било и на извроната скулптура. На книжната банкнота меѓутоа Аполоновата машкост, останала разголена.

Ова, како што наведува АФП, е еден од низата контраверзни, може да се каже и апсурдни предлози на закони поднесени до рускиот парламент кои предизвикуваат неверување кај Русите – од забрана за пушење во јавност за жени помлади од 40 години до парични казни за користење странски изрази во секојдневната комуникација.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top