| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарија повторно одби да ја регистрира ОМО Илинден

omo-ilinden-pirin1-e1359911283749

Судот во Благоевград вчера го одбил барањето на ОМО Илинден за регистрација на партијата.

Одлуката е донесена со образложение дека „барањето  е против уставните начела на Бугарија и против единството на нацијата“.

Како што пишуваат бугарските медиуми, за судот посебно е спорно барањето за изучување на македонскиот јазик во предучилишна возраст, за што инсистирале поднесувачите на  барањето.

За судот исто така било незамисливо основачите на партијата да организираат прес-конференции , симпозиуми, трибини на кои треба да се говори за односот на Бугарија кон македонското малцинство. На судот посебно му бодел очи делот во кој стои дека ОМО Илинден е „македонска  организација на етничка основа и со потекло во границите на Бугарија“.

– Уставот на Бугарија забранува организации чија дејност е насочена против единство на нацијата и кон разгорување на национална и етничка омраза – стои во образложението на судот.

Партијата на Македонците во Бугарија, повеќе од една деценија води институционална битка да биде регистрирана како политичка партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top