| четврток, 6 декември 2018 |

Ги изгубиле ќерките во војна на различни страни, денес се пријатели

prijateliИзраелецот Рами Елханам ја изгубил својата 14-годишна ќерка, која погинала од експлозија на бомбаш-самоубиец во судирите меѓу Израел и Палестина. Другиот татко, Палестинецот Басам Арамин, ја изгубил 10-годишната ќерка Абир, која во тилот била застрелана од припадник на израелската погранична патрола. Наместо да се мразат, татковците кои ги споила иста несреќа, станале најдобри пријатели.
По учеството во две војни, Елханан станал по малку циничен кон политиката, патриотизмот и големите зборови, и се грижел само за сопственото семејство. Кога настрадала неговата ќерка, за него повеќе ништо не било исто.

“На почетокот сте полни со гнев. Се обидувате да се правите дека ништо не се случило, се обидувате да го вратите животот во нормала, а тогаш забележувате дека ништо повеќе не е исто, дека не сте истата личност. Полека сфаќате дека се променила основната дефиниција за вас како човек”, вели тој.

Исполнет со болка, Рами го запознал Итцак Франкентала, кој ја основал групата “Круг на родители – семеен форум”, за помош на оние кои ги изгубиле своите најблиски.

“Групата собира луѓе кои ја платиле највисоката можна цена, но наместо одмазда го одбрале патот на помирување. Многу сум горд што сум член”, вели Елханан.

Тука го запознал и Басам Арамин, со кој веднаш почувствувал душевна блискост, а ги споила и иста неволја. По извесно време, станале и домашни пријатели.

“Се сеќавам дека го прашав Басам што да правиме сега, како да живееме со тоа зло, со тој ужас, а тој ми одговори: “Одиме напред, немаме избор”. Тој е мој пример, вистински херој. Доколку може тој, можам и јас, горд сум што ме нарекува брат”, вели Елханан.

Рами се уште се бори да го пронајде својот мир:

“Процесот на будење е болен, бидејќи се борите против себе, против своето воспитување, своите корени, своите основни вредности. А се борите и против своето друштво. Тоа не е едноставно”, вели тој.

“Болката е огромна сила, како нуклеарна енергија. Можете да го искористите да донесете мрак, а можете да го употребите да донесете и светлина и надеж”, вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top