Речиси 30 отсто од испитаниците воопшто не се согласуваат дека бојкотот на Собранието од страна на опозицијата во овие услови е оправдан, а целосно се согласуваат 12,6 проценти, покажа анкетата на Институтот за демократија во врска со одбивањето на пратеничките мандати од страна на СДСМ и коалицијата. Повеќе од половина од вкупно 1.100 испитаници при анкетата „лице в лице“ сметаат дека бојкотот на парламентот нема да донесе нови парламентарни избори, додека со „да“ се изјасниле 32,6 отсто.
Дека Собранието без присуство на опозиција може да носи квалитетни закони сметаат 31,4 отсто од испитаниците, додека 53,6 проценти мислат обратно. Резултатите од анкетата воедно покажаа и дека речиси половина испитаници мислат оти законодавниот дом треба да продолжи со работа ако опозицијата го продолжи бојкотот, но и дека бојкотот може да донесе застој на евроинтегративниот процес.
За најголема пречка за подобрување на политичкиот дијалог испитаниците го сметаат ниското ниво на толеранција меѓу политичките противници (31,7 проценти), а највисоки 32,6 отсто мислат дека за подобрување на дијалогот треба да се подобрат односите меѓу етничките заедници.
За најодговорна институција за подобар политички дијалог анкетираните ја сметаат Владата и министерствата, додека 27,1 отсто мислат дека политичките партии може да имаат најголема улога во смирувањето на политичките тензии. Во смирувањето на тензиите испитаниците се изјасниле дека во најголем дел може да помогнат и верските заедници (39,1 отсто).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Анкета: Секој втор граѓанин е против каква било промена на името
-
Анкетно прашање, каде се наоѓа Г – точката: Кај жените мислам дека е зад увото… (видео)
-
Анкета: Македонците имаат позитивно мислење за Србија, а негативно за Косово, Албанија и Грција
-
Македонците оптимисти: Очекуваат економски простперитет во 2018 година