На 21 јули ќе им се суди на обвинетите за кражбата во Музејот на Македонија во Кривичниот суд во Скопје.
Обвинителството во мај го поднесе обвинението против седуммина обвинети, кои беа дел од групата што ја уапси полицијата по неколкумесечната истрага, која почна во ноември лани. Обвинение за овој случај единствено не беше покренато за поранешниот прв човек на Управата за културно наследство, Паско Кузман, кој првично беше осомничен. Кривичниот совет на судот, по барање на Обвинителството, на сите обвинети им го продолжи притворот за нови 30 дена.
Според обвинението, за отуѓување културно наследство од особено значење, државна сопственост, обвинети се З.В., виш кустос, златарот Ч.К. и Ј. П., кој се товари и за злоупотреба на службената положба и овластување. За злоупотреба на службата се осомничени и Ј. К., Д. К., како и А. Е. За несовесно работење во службата се товари С. С. К.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.