Огласот трае до 12 јули. Според информациите на zdravstvo24.mk има заинтересирани лекари од повеќе специјалности. Здравствените власти на тој начин добиваат готов кадар односно специјалисти кои веднаш се вклучуваат во процесот на третирање на пациентите.
А дека интересот е голем покажува и фактот што досега се вработени 120 готови специјалисти кои преминале од приватно во државно здравство. Бенефит покрај пациентите имаат и установите каде со овој кадар се отворени нови кабинети и е зајакнато двосменското работење, пишува zdravstvo24.
Со кадар од профилот на радиолози, офталмолози, педијатри, гинеколози веќе се зајакнати ГОБ 8 септември, Здравствен дом-Скопје, Завод за рехабилитација-Скопје, Специјална болница за хируршки болести-Скопје, Општа болница Велес, Општа болница Куманово, Општа болница Гостивар, Општа болница Кавадарци, Здравствен дом Виница, Здравствен дом Делчево, Општа болница Гевгелија, Клиничка болница Битола, Општа болница Прилеп, Општа болница-Струмица, Здравствен дом Вевчани, Специјална болница за гинекологија Чаир, Здравствен дом Железничар, Здравствена станица Железара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјалистите ќе чекаат уште една година за ветената плата од 100.000 денари
-
Што се имаат извадено докторите од дишните патишта на децата?
-
Лекарите не се вреднуваат според заслугата, туку по партиска линија или ако се во род со професори – му се пожали специјализантка на Заев
-
Лекарите го исклучија од апарати спротивно на желбата на родителите, но детето е уште живо



