| четврток, 6 декември 2018 |

Медиумите блиски до опозицијата индиректно ги поддржуваат протестите

Медиумите што важат за блиски до опозицијата со бомбастични наслови ги најавуваат протестите, а со тоа ги подгреваат меѓуетничките тензии. Додека сите останати во државата пробуваат на кој било начин да ги смират меѓуетничките тензии, новинарите и опозициските медиумите свесно или несвесно го прават спротивното.

Изминатиот период на голем број проопозициски ориентирани портали може да се забележат текстови преку кои се најавуваат протестите и во кои прецизно се дефинирани времето и местото каде што ќе се одржат тие. На тој начин тие помагаат протестот да добие поголема масивност и да се соберат што повеќе луѓе кои ќе протестираат и ќе прават нереди во државата.

Дел од насловите:

А1он – Голем протест поради „Монструм“ се најавува во петок. Почетокот на протестот е најавен пред Јаја Паша џамијата во 14: 00 часот, по завршувањето на петочната молитва, по што ќе се упатат пред зградата на Владата.

Скај – Шокантоно: Се готвата масовни демонстрации за петок по петочната молитва

Либертас – Протестите за „Монструм“ продолжуваат секој ден во 14 часот во повеќе градови

Инфо Плус – Протести низ земјава во 14 часот пореди пресудите за „Монструм“

НоваТВ – Нови протести за „Монструм“ најавени во петок

Очигледно, овие медиуми одработуваат за некој кому му одговара зголемувањето на протестите и нивно ескалирање. Како медиуми, кои сносат огромна одговорнот, би требало да придонесуваат за зголемување на толеранцијата и меѓусебниот соживот, а не да ги подгреваат меѓуетничките тензии и на кој било начин да ги потпомагаат протестите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top