
Од раководството на СДСМ веќе четврт ден има апсолутен молк во однос на насилните протести, кои поминуваат без осуда од најголемата опозициска партија. СДСМ не гледа потреба да се произнесе и да испрати порака за осуда на инцидентите во кои беше каменувана зградата на судот, беше нападната полицијата брутално и физички, и беа изрекувани недолични пароли. СДСМ како партија не излезе ниту со коментар за националистичката реторика која беше користена во медиумите на албански јазик и навредувачките пораки кои беа испраќани на сметка на македонската држава. Од друга страна, нејзините мегафони, како поранешната новинарка на „А1 телевизија“, Билјана Секуловска, во текст објавен на НОВА ТВ со наслов „Гешковска, оди си дома“ жестоко ја напаѓа обвинителката која храбро се соочи со терористите кои егзекутираа деца.
На Билјана Секуловска ѝ се придружи со коментар и Мирјана Најчевска, која дури и се заканува дека судиите и јавните обвинители што го прекршиле законот долго седеле во затвор.
– Судските одлуки се коментираат. Судиите и јавните обвинители се повикуваат на одговорност. Судиите и јавните обвинители одговараат за сторени прекршувања на законот. Судиите и јавните обвинители кои го прекршиле законот седат во затвор. Долго – напиша Најчевска.
Таквиот став на Најчевска, кој претставува закана до обвинителката која храбро се соочи со терористите кои егзекутираа деца им се допаѓа на Ѓунер Исмаил, поранешен министер за култура и портпарол во една од владите на СДСМ, Магдалена Нестороска- кандидат за пратеник и советник во Општина Карпош од СДСМ, како и Африм Гаши – човекот кој повикуваше на протести за отстранување на споменикот на цар Душан во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


