| четврток, 6 декември 2018 |

Цивил со 5 200 000 евра ја напаѓа власта – непотребно подгреваат меѓуетничка нетрпеливост

Невладината ЦИВИЛ е дирекно финансиски поврзана со фондацијата СОРОС Македонија која годишна на располагање има 5 200 000 евра, странски донации, кои ги употребува за напаѓање на актуелната влада. Денеска Цивил излезе со Публикација Избори 2014: Дисквалификувана демократијава, создадена главно од активисти на СДСМ и новинари на медиумите финансирани од СОРОС, која е раководена од Владимир Милчин поранешен висок финкционер на СДСМ кој преку невладини оргнизации и марионети како Цивил ја спроведува  партиската политика на СДСМ.

ЦИВИЛ голем дел од средствата на СОРОС ги распределува на медиуми кои се проопозициски настроени со цел да се промовираат нивните јавно искажани антивладини стаови и отворено застанувајќи зад агендата на СДСМ. Невладината организација беше ангажирана за секоја тема која ја лиферуваше Фондацијата СОРОС во Македонија, на чело со Милчин. Оваа невладина организација очигледно е невладина за секоја политичка тема во државата, бидејќи по изборите правеше извештаи за наводни изборни нерегуларности, ја оценуваше слободата на медиумите и уредувачката политика на медиумите, ја оценува работата на МВР, АРМ  или критикува по правило активности на државни институции.

Невладината организација ја критикува работата на другите, но не и на опозицијата. Досега не се појавила во јавноста со осуда или критика на ставови или потези на опозициски партии, а уште помалку на поединци или организации поврзани со тој табор. Тоа е организацијата што преку своите квази-екпертски извештаи ги подели медиумите на: одважни и достоинствени на една страна, за кои тврди дека новинарите се мета на секојдневни закани, притисоци, тужби и говор на омраза кој го промовираат медиумски истакнати апологети на политиките на владата и провладини медиуми, кои според нив промовирата говорот на омраза, вулгарностите и грубиот речник, додека релевантните институции тоа го дефинираат како слобода на говор.

На тој начин Цивил се обидува да креира црно бела перцепција на општеството во кое Власта секогаш ќе биде црната страна. Свесно или не, со своите ставови Цивил создава негативна слика за Македонија, која е далеку од реалната, што во голема мера наликува на активностите на СДСМ и нивниот финансиер Владимир Мичлин. Оваа организација заедно со медиумите кои ги пренесуваа нејзините лаги,манипулации и измисилици, Слободен печат и Плус Инфо кои што исто така се финансирани од СОРОС, важеа за  ударна тупаница на опозицијата изминатите претседателски и парламентарни избори.

Освен во оцрнувањето на државата и нејзините институции, Цивил се обидува да ја јаде државата и одвнатре, создавајќи атмосфера на конфликти и судири. Невладината Цивил обвинуваше дека  се организираат напади врз домот на семејството Зеќири  и тие според нив беа очигледно добро планирани и фокусирани на сеење страв меѓу населението и испраќаат порака до сите што се неистомисленици, односно до сите што не ѝ припаѓаат на групата во чие име дејствуваат напаѓачите.

За нападот со бомби и истрели врз домот на семејството Зеќири Цивил го окарактеризира како акт на тероризам и бараше како таков да се третираат од институциите. Ваквите квалификации на Цивил ја подгреваат меѓуетничката нетрпеливост и само ги разготуваа конфликтите во мешаните етнички средини. Кога ќе се појават судири во вакви средини по правило Цивил ги напаѓа институциите и секојпат вината ја лоцира кај владеачките партии. Очигледен е ракописот на СДСМ во секое соопштение, став или извештај на невладината Цивил.

Првиот човек на оваа организација треба да врати 27.000 евра на Радиодифузија поради тоа што во 2005 година Џибир Дерала добил пари од Радиодифузија за проект кој се однесувал на борбата прогив нелегалното оружје, но не бил реализиран на време.

 
 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top