Провидниот лак има неколку интересни примени, покрај зацрврстувањето и украсувањето на ноктите.
1. Далечински управувач
Тенок слој на лак врз броевите на вашиот далечински управувач, ќе ги осигура од бледнеење со текот на времето.
2. Накит
И во овој случај, слој од лак ќе го заштити вашиот накит и ќе го направи посјаен.
3. Хулахопки
Ова сигурно веќе ти го препорачале, но добро е да се повторни дека малку лак ќе спречи понатамошно кинење и проширување на дупчето на вашите хулахопки
4. ‘Рѓа
Премачкајте го долниот дел на лимените конзерви од пената за бричње, лакот за коса, дезодорансите и слично и со тоа нема да се прават дамки од ‘рѓа низ целата бања.
5. Врвки
Тенок слој врз врвците на чевлите ќе го спречи нивното туфкање.
6. Закачалки
Премачкајте ги дрвените закачалки на места каде што се порапави или нерамни, со цел да ги спречите повредите на прстите и уништувањето на облеката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова никогаш никому не му го кажувајте: Ако сакате напредок еве што не смеете да им кажувате на луѓето!
-
Која љубовна лекција мораш да ја научиш во 2018 година според твојот хороскопски знак?
-
Десет животни лекции кои родителите треба да ги научат своите деца до 10. година
-
Ако сакате вашето лице да сјае изутрина, следете ги овие совети!