СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.П.(59) и К.П., в.д. директори на ЈП Градски гробишта-Охрид, за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата и против Б.Т. за сторено кривично дело несовесно работење во службата.
Во 2011 и 2012 година, пријавените како в.д. директори во различни временски периоди во ЈП Градски гробишта, се повикувале на поранешен тендер и ангажирале иста фирма за набавка и монтажа на споменик, потоа била донесена одлука од општината да ги зголемат износите на цените во претпријатието, но истите со задоцнување од една година постапиле по одлуката и вратиле фактура на друго претпријатие иако биле должни да ја исплатат.
Од страна на комисија е утврдено дека во претпријатието постоеле разлики во продажбата на гробни места, имало недостаток на градежни материјали и во материјалната евиденција влезот и излезот на материјали не се поклопувал.
На овој начин пријавените го оштетиле ЈП Градски гробишта за износ од 4.376.102 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Работното време ѝ поминува на гробишта: Македонка со успешна бизнис-приказна
-
Заев заработи кривична пријава од ВМРО-ДПМНЕ за повик за поткуп на гласачи
-
Министерството за култура ќе распише нови огласи за поништените седум конкурси за директори
-
Именувани директори на осум национални институции од културата


