Тој апелираше на огласот за советници да се се пријават најспособните и најквалитетните кандидати.
– Ова се многу значајни и одговорни позиции и затоа ние аплериаме за пројавување на интерес и аплицирање од страна на најуспешните, најспособните, најквалитетните кадри. Лица коишто имаат повеќегодишно работно искуство и коишто имаат соодветно образование и задолжително познавање на англискиот јазик и имаат резултати во својата работа, да имаат волја, енергија и идеи да се вклучат во реализиација на една комплексна владина програма и реализација на голем број проекти коишто се од интерес на граѓаните. Сите овие лица коишто се пронаоѓаат во овие услови и во овие карактеристики се добредојдени да аплицираат заклучно со понеделник 14.јули- нагласи Ѓорѓиев.
Се бараат вкупно 13 советници во повеќе области, осносно советник за политички прашања, за Европска унија, надворешни работи, животна средина, рударство и минерални суровини, за културам економија, претприемаштво, индустрија и иновации, земјоделство, правосуство и администрација, енергетика, транспорт и врески, информациони технологии и телекомуникации и за локална самоуправа.
Портпаролот Ѓорѓиев истакна дека интерес има за сите обласи коишто се предмет на овој оглас, меѓутоа најголем е интересот за позициите советник за економски прашања, за надворешна политика, за политички прашања, за европски интеграции и советник за култура.
Сите заинтересирани треба да аплицираат по електронски пат на веб страната на Владата на Република Македонија со приложување на лична биографија и мотивациско писмо, како и дипломи и сертификати доколку ги поседуваат.
Можност за пријавување, како што нагласи Ѓорѓиев, имаат сите без разлика дали своето образование го оформиле во Република Македонија или во странство, но предност ќе имаат кандидатите со завршен втор или трет циклус на студии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.