По повод Меѓународниот ден на населението, УНФПА почнува со кампањата „Инвестираме во младите”, еднонеделна кампања која ќе ги опфати прашањата значајни за младите луѓе, посебно прашањата кои ги засегаат адолесцентите. Оваа кампања најдобро го опишува фокусот на УНФПА, кој е насочен кон исправното однесување на и кон адолесцентите.
Кампањата, која ќе се реализира во соработка со „Сити радио“, а ќе трае во текот на целата недела, ќе заврши в петок 11 јули со двочасовно радиошоу кое ќе се емитува од плоштад „Македонија“ каде што ќе биде поставено брендираното УНФПА студио. Во специјализираната емисија за Денот на населението ќе гостуваат министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, млади луѓе, претставници на невладини здруженија од Македонија и претставници на УНФПА.
– Веруваме дека ова е вистинскиот начин да се одбележи Денот на населението, со кампања која директно ќе ги засегне проблемите кои адолесцентите при нивниот премин во возрасни луѓе ѓи имаат, нивната инклузија во општеството, како и можност да се разгледаат загрижувачките податоци за стапката на едукација кај адолесцентите, како и процентот на земји каде истите имаат можност да учествуваат во носењето одлуки кои нив ги засегаат”, изјавија претставници на УНФПА во пресрет на отпочнувањето на кампањата „Инвестираме во младите”.
Успешниот премин од адолесценција во возрасен човек е право кое секое дете го поседува. Ова право е единствено возможно доколку семејствата, но и целото општество се фокусира на инвестирање и отворање можности кои ќе им овозможат на адолесцентите и младите професионално да се развиваат и да го надградуваат своето знаење и вештини за водење здрав и успешен живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спасов: Предвидени се голем број проекти за подобрување на животниот стандард на граѓаните
-
СДСМ и Ременски немаат никаков кредибилитет да говорат за пензионерите
-
Никој во земјава не се чувствува безбедно: Чаушите во СДСМ организираа криминално–полициска местенка и медиумски линч на Диме Спасов
-
Дебело досие и дебели лаги: Криминалецот Динарица во одбрана на Спасовски