Една од најпознатите Плејбој зајачици, Феликсиа Јеап од Малезија минатиот петок ги изненадила своите 855.000 фанови на Фејсбук, кога ги известила дека преминува во ислам.
Веќе се откажала од позирањето и фотографирањето во долна облека или гола. Вели дека за неа тоа е минато и сега сака целосно да се посвети на муслиманската вероисповед. Таа вели дека се чувствува преродено, откако го примила исламот и дека она што го очекува од нејзините фанови е да се молат за неа и да ѝ дадат поддршка.
Две години предходно таа одела и во католичка црква, а се интересирала и за будизмот, но досега не успеала да го најде својот пат до верата, како што тоа ѝ се случило откако го прифатила исламот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.