И покрај бројните списанија и песни за водење љубов, мажите и понатаму не знаат некои работи за сексот.
Погледнете неколку работи на кои треба да посветите внимание за време на водењето љубов.
Никогаш не ја потценувајте моќта на бакнежот.
Со вежбање до совршенство – ниту една девојка не сака да се бакнува со момче кое ќе и проголта половина од лицето. Страсен бакнеж може да пробуди страст која ќе доведе до совршен секс.
Бидете чисти
Доколку убаво мирисате, одма ќе и бидете попривлечен на партнерката. Нема ништо посексипилно од маж кој има одличен парфем. Тоа, секако, не значи дека треба да претерувате со него или уште полошо, да го прикривате непријатниот мирис со него.
Соблечете ги чорапите
Можеби мислите дека имате грди стапала, па сакате да ги скриете со чорапи, но она што е полошо од грди стапала во кревет, се чорапи за време на секс.
Уживајте
Сексот треба да биде уживање, а не обврска. Насмевнете се. Нема потреба да бидете премногу сериозни.
Не се ограничувајте само на спалната соба
Разноликоска е она што прави страст во врската. Само затоа што креветот е удобен не значи дека тоа е најдоброто место за добар секс.
Немојте да се фокусирате само на “главното случување”
Со оглед на тоа што околу 70% од жените не можат да доживеат оргазам само со пенетрација, предиграта кај поголемиот број на жени е тоа “главно случување”.
Не бидете себични
Не се врти се околу вас. Сексот треба да биде уживање за двајцата, затоа водете сметка за нејзините потреби.
Играјте
Обидете се со улоги, костими, секси пораки или секси играчки.
Бидете гласни
Тоа не значи дека треба да викате како Тарзан, но покажете и дека уживате во текот на сексот. Воздишување и некој комплимент ќе и покажат дека уживате.
Не претпоставувајте дека знаете да задоволите жена
Без разлика дали мислите дека сте невидени фраери и дека сите жени се топат во ваша близина, тоа не значи дека е така. За среќа, поголемиот број жени кажуваат што им се допаѓа, затоа послушајте ја и запамтете што сака
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.