
Корисниците од улицата „Прашка“ бр.13 утре, 8 јули од 8.30 до 11.30 часот ќе бидат без електрична енергија.
Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „1“ во селото Мирковци и дел од корисниците од улиците „Волт Дизни“ и „Диме Мечето“ во Шуто Оризари.
Во периодот од 10.30 до 14.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од селото Љубин, како и објектите на месарницата „Вилан“ и фабриката „Ука“ во Сарај.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека причина за прекините се технички зафати во електросистемот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


