
Во паркот во Автокоманда беше отркиено спомен обележје на прогонуваните, судените, затворените, убиените и успокоените за самобитноста на македонскиот народ од 1940 до 1991 година.
Овој паметник ќе одбележи еден дел од историјата на Република Македонија кога за идејата за самостојна, независна Македонија многу граѓани од тогашниот комунистички режим биле затворани, прогонувани, некои убиени, а на некои им ги конфискувале имотите. Ние имаме обврска дел од таа историја да ја негуваме и да ја оставиме во наследство на идните генерации, истакна градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски.
Ова спомен обележје е трето изградено во Република Македонија, но нема да биде и последно. Во следниот период вакви спомен обележја ќе се изградат и во другите градови во Македонија, рече претседателот на здружението на граѓани политички прогонувани, Никола Андоновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


