Повеќе од една четвртина од руските жители сметаат дека Русија треба да испрати воени сили во јужните и источните делови на Украина, покажуваат резултатите од анкетата на Општорускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОАМ), пренесува ИТАР-ТАСС.
Во соопштението се посочува дека две третини (66 проценти) од народот се против испраќањето на војска во Југоисточна Украина, од кои мнозинството се повозрасните граѓани и жителите на големите и средните градови.
Дека е неопходна воена интервенција на Русија во Украина сметаат 27 проценти од испитаниците.
Што се однесува на прашањето за подготвеноста на Русијате да им помогнат на украински бегалци, анкетата покажа дека 44 отсто од граѓаните се понудиле да пратат хуманитарна помош и храна, 21 процент рекле дека би дале парична помош, девет отсто би ги згрижиле бегалците во своите домови, а 23 проценти изјавиле дека не сакаат да пружат никаква помош.
Анкетата е спроведена на 21-22 јуни и 28-29 јуни, а со неа се опфатени 1600 лица во 130 населени места, од 42 административни реони на Руската федерација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.