На 85 тите филмски награди Оскар покрај сериозниот дел, имаше и доста забава, а еден од тие моменти беше настапот на Сет Мекфарлен кој во својот настап задеваше неколку холивудски актерки затоа што ги покажале градите на филм.
Ен Хатавеј
Иако прозваните не беа баш воодушевени од изведбата на песната „We saw your boobs“, особено во моментот кога почна да ги споменува по име, публиката беше воодушевена, а медиумите почнаа да објавуваат фотографии од филмовите во кои актерките се разголеле.
Пенелопе Круз
Меѓу споменатите беа Анџелина Џоли, Хелен Хант, Џоди Фостер, Пенелопе Круз, Никол Кидман, Кејт Винслет (која до сега седум пати се разголела во филм) и Шарлиз Терон на која очигледно и падна најнезгодно.
Никол Кидман
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





