| четврток, 6 декември 2018 |

400 патници заглавени под Ла Манш

Дефект во електричната инсталација во тунелот под Ла Манш предизвика прекин на сообраќајот на возовите „Евростар“.

la manche

Во еден од нив, што тргна од Лондон кон Париз останаа заглавени 382 патници, заедно со стотина нивни патнички возила.

Инцидентот со струјата се случил во моментот кога оваа композиција била точно на половината од 30-минутното патување под морското дно.

Патниците ги напуштиле вагоните и морале да бидат евакуирани, откако за нив бил испратен специјалне воз, со кој ќе бидат префрлени до Франција. Нивните автомобили меѓутоа останеле во композицијата која стои заглавена на средината од подморскиот тунел.

Инцидентот се случил утринава во 7,30 часот по британско време и предизвика застој во возењето на „Евростар“ возовите и целосно нарушување на возниот ред.

Екипите за отстранување на дефектот веќе се во тунелот, но се верува дека тие ќе може да ја завршат работата дури во вечерашните часови, па нормализацијата на сообраќајот преку овој тунел може да се очекува во текот на утрешниот ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top