Разменувањето пораки со новиот партнер може да биде непријатно, затоа ви даваме неколку упатства…
Тој ви испраќа порака… Неколку часа (од 6 до 12) по вашата последна порака.
ДА!
Можеби не му се допаѓате, но можно е и да е зафатен. Одговорете за двојно помалку време (ако тој чекал шест часа, вие почекајте три).
Тој ви испраќа порака… Повеќе од 24 часа од вашата последна порака.
Не!
Веројатно само се јавува за да остави отворени карти уште некое време. Не јавувајте се, освен во случај да ви одговара тоа сценарио.
Тој ви испраќа… одговор на вашето прашање, но ништо не ве прашува.
Не!
Овој одговор значи дека мислите му се на друго место. Ако е заинтересиран, повторно ќе ви испрати порака.
Тој ви испраќа порака… по вашиот повик.
ДА!
Не откачувајте, но ставете му на знаење дека ви е потребен вистински разговор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



