| четврток, 6 декември 2018 |

По меѓусебна тепачка се нафрлиле врз полицијата

Вчера попладне околу 17,30 часот во Тетово на ул.„Киро Ристовски Дрнц“ по претходна поплака за нарушен јавен ред и мир, тетовски полицајци се обиделе да ја прекинат тепачката помеѓу А.Ј.(27) и Б.З.(34) двајцата од Тетово.

Во обид лицата да се разделат, доведат во послушност и лишат од слобода, А.Ј., Е.Ј.(27) и А.Ј.(53) сите од Тетово, се нафрлиле врз полицајците туркајќи ги во пределот на градите и  влечејќи ги за рацете, а потоа се дале во бегство.

Лицето Б.З. е приведен во станица, додека останатите три лица се повикани при што со истите е обавен разговор, по целосно документирање на случајот против истите ќе биде поднесен соодветен поденсок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top