| четврток, 6 декември 2018 |

Дадилка од пеколот, децата ги заклучила во автомобил за да оди во солариум

дадилак

Дадилката Кристин Мари Џонс (23) завршила на суд поради обвиненија дека во автомобил на жештина оставила две мали деца, како би „скокнала“ на третман во солариум, пишува „Њујорк дејли њуз“. Девојката е обвинета дека девојче од два месеца и тригодишно момче, оставила на сонце во затворен автомобил. Тој 15 мај, еден полицаец минувал низ паркинг кога налетал на автомобил во кој нашол две испотени деца кои врискале  и плачеле во прегреаниот автомобил.

Кристин, наводно, само што излегувала кога полицаецот го извлекувал момчето од автомобилот. Таа го извадила девојчето, па сите влегле во солариумот.

Полицаецот изјавил дека низ панцирот почувствувал колку е топло  момчето и дека целото е мокро.

Девојката на суд изјавила дека децата ги оставила со нивнатата мајка, но се покажало дека лаже бидејќи мајката на децата цел ден била на работа. Лагата подоцна ја признала и рекла дека била преплашена.

дади

Се изјаснила дека не е виновна за четири точки од обвинението, злоставување, безобѕирно загрозување други, занемарување и возење под суспензија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top