| четврток, 6 декември 2018 |

Обновени фасадите на две куќи на „Илинденска“

fasada

Стручните екипи на Конзерваторскиот центар Скопје завршија со обновата на фасадите на два објекти лоцирани на булеварот „Илинден“, активност која беше превидена во рамките на повеќегодишниот проект на Министерството за култура за обнова и конзервација на фасади во значајните градски јадра во повеќе градови во државава.

fasada1
Беа изведени конзерваторско-реставраторски интервенции на објектите со број бр. 41 и 63 лоцирани во споменичката целина „Дебар маало“ кои претставуваат значајно културно наследство од почетокот на 20 век со архитектонско стилски вредности од раната модерна. Објектите кои имаат станбено-деловна намена се изградени во периодот меѓу двете светски војни, а заради своето впечатливо архитектонско решение имаат третман на споменично наследство и токму заради тоа беа реставрирани во автентичен стил.

fasadi2
Националната установа Конзерваторски центар Скопје ги изработи и проектите за конзервација и реставрација на зградите со број „68” и број „80”, исто така лоцирани на булеварот „Илинден, по што во следниот период ќе пристапи кон нивна реализација.
Во рамките на проектот за обнова и конзервација на фасади во значајните градски јадра во повеќе градови во државава, со кој до 2017 година е предвидена интервенција на 250 фасади од значајните споменични целини, Конзерваторски центар Скопје во изминатиот период ја заврши обновата на фасадата на објект лоциран во Старата скопска чаршија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top