Во април, водечкиот кандидат на социјалистите за претседател на Европската комисија (ЕК) Мартин Шулц немаше како да биде појасен: „Заврши со номинирањето за претседател на комисијата преку задкулисни зделки“, им рече тој на останатите кандидати и на медиумите.
Во вторникот, истиот Мартин Шулц беше без преседан реизбран за вториот мандат како претседател на Европскиот парламент (ЕП), со помош на задкулисна зделка, иако истата не беше договорена во некоја странична просторија до салата за преговори, и не беше ниту транспарентна, ниту пак демокарстска.
Ако сето ова изгледа како противречно, нема да биде ниту прво во неговата долга кариера.
Шулц (58), кој пред да влезе во политиката се занимавал со трговија со книги, е европратеник веќе 20 години. Во фокусот на јавноста влезе во 2003 година, кога во дебата во ЕП, италијанскиот премиер Силвио Берлускони го изедначи со командант на германски концлогор.
Како резултат на тоа, Шулц од тогаш се покажа исклучително гневен, и од тогаш непрекинато успева да добива отстапки. Помалку од половина година подоцна, тој стана лидер на групата на социјалистите, позиција на која остана се додека на крајот не стана претседател на ЕП во 2012 година.
Шулц е еден од малкуте бриселски политичари кои успеа да изгради јасен јавен профил во својата земја, најмногу благодарение на личниот талент за самоистакнување.
Повеќето од најталентираните европратеници си ја градат репутацијата во моќните законодавни комисии – ковачницата на европските закони. Но не и Шулц.
Како претседател на ЕП, тој беше поактивен и погласен од своите претходници, претворајќи ја позицијата – која е во основа без особени полномоштва – во политичка улога.
Неговите прес-конференции на врвот на ЕУ беа предизвикувачки, забавни и често беа повеќе цитирани отколку оние на неговите колеги од другите институции, претседателите на ЕК, Жозе Баросо, и на Европскиот Совет (ЕС), Херман ван Ромпуј.
За една институција која се стреми да ги покаже новите мускули со кои ја снабди Лисабонскиот договор, харизмата и воинствените инстинкти на Шулц се покажаа многу потребни.
Неговата амбиција ги надмина организираните прес-конференции. Иако не учествуваше во подготовките на деталите, Шулц беше лицето на парламентот во подготовките за донесување на седумгодишниот буџет на ЕУ, а уште поуспешно во барањето отстапки од владите кои ги зголемија полномоштвата на евродепутатите во донесувањето на правилата за новиот банкарски сојуз.
Неговиот најголем и најскандалозен придонес, всушност беше тоа што стана водечки кандидат за претседател на ЕК.
Ако е некој одговорен за тоа што Жан Клод Јункер ќе стане претседател на комисијата, или поточно за појавата на концепцијата за водечки канидидати, тогаш е тоа Мартин Шулц.
Германецот неколку години се подготвуваше за оваа позиција за номинација од соцвијалистите, и водеше кампања во своја полза со огромен успех. Неговата номинација помогна да биде предизвикана Европската народна партија (ЕНП) да го кандидира Јункер.
За разлика до својот соперник од ЕНП, Шулц според општа проценка, силно се претстави за време на кампањата и го пренесе својот воинствен стил на поведение во серијалот „претседателски“ дебати.
Резултатите од евроизборите во мај покажаа дека неговиот левоцентристички блок едвај успеа да ја размрда водата – со 191 евродепутати, социјалистите се удобно помалку од 221-те места кои го доби ЕНП на Јункер.
Иако што на Шулц му пропаѓаше највисоката позиција во комисијата, тој немаше да се помири да остане со празни раце.
Неговиот прв план беше да остане заменик-претседател на ЕК, со економски или надворешнополитички ресор во комисијата на Јункер. Кога тоа се истакна со нежелбата на Ангела Меркел да им го отстапи на социјалдемократските колаициски партнери местото на Германија во ЕК, амбициите на Шулц се пренесоа од Берлемон повторно во парламентот. Ако обидот да ја добие највисоката позиција во парламентот не успееше, утешна награда ќе беше враќањето на местото лидер на Групата на социјалистите во ЕП.
Една од основните забелешки кои критичарите ја имаат за Шулц е неговата „манија за контрола“. Неколку недели по објавувањето на резултатите од изборите во мај, Шулц ја мобилзираше својата група за да го назначи за привремен лидер, за да може да ги води преговорите со ЕНП. Тој лично им звонеше по телефон на колебливите депутати.
Пратеник од групата на социјалистите за ЕУ Обзервер рече дека главната тема на заседанијата на групата по изборите било прашањето „Што да правиме со Мартин?“
За одгворот на прашањето „Што да правиме со Мартин?“, неговото политичко семејство плати висока цена.
Според тнр. „зделка за голема коалиција“ со ЕП, Шулц ќе го држи претседателското место во ЕП во првата половина од новиот петгодишен мандат, по што ќе го остапи на пратеник од ЕНП. Придавјќи толку големо значење на осигурувањето на позицијата за него, лидерот на германските социјалдемократи Зигмар Рабриел ризикуваше да се откаже од многу поголема награда – претседателството со Европскиот Совет, кое би требало да биде подарок за левоцентристите. Уште поважно е што целиот процес остава горчлив вкус во устата.
На една од дебатите со четворицата канидиати за претседател на ЕП во Стразбур во понеделникот вечерта, Шулц остави впечаток со своето отсуство и на тој начин даде повод левиот кандиидат Пабло Иглезијас да искоментира дека „г-дин Шулц сака да стане претседател, но не сака да учествува во дебатата“.
Отсуството на Шулц – кое беше објаснето со совпаѓање со ангажманите во неговата програма – е уште поневкусно заради тоа што тој ја мина последната седмица во обиди да добие подршка од политичките групи во парламентот на индивидуални состаноци.
Всушност, иронијата станува уште поголема заради неговите жестоки јавни изјави и протестите против распределувањата на позициите во ЕУ преку задкулисни игри, затоа што неговиот втор мандат како претседател на ЕП е резултат токму на тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.