| четврток, 6 декември 2018 |

Малезија не се откажува од потрагата по исчезнатиот авион

malezija-avion-1

Речиси четири месеци по мистериозното исчезнување на малезискиот авион, за кој истрагите до сега не дадоа никаков резултат, малезискиот министер за одбрана Хисамудин Хусеин соопшти дека  Малезија, Кина, Австралија и експерти од 26 други држави ја зајакнуваат истрагата.

Авионот, што на 8 март полета од Куала Лумпур кон Пекинг, со 239 патници и членови на екипажот, без какви и да е индикации, го сменил правецот и едноставно исчезнал од уредите за контрола на летењето.

Малезиската морнарица ги завршува подготовките за опремување на уште еден голем воен брод мини подморници, сонари и други апарати кои на морското дно ќе можат да детектираат дури и остатоци од пластика. Финасирањето на опремата на овој брод ја презедоа три најголеми компании од Малезија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top