| четврток, 6 декември 2018 |

Меган Фокс: Чувстувам грижа на совест како мајка на две деца

meganfox-imagen

Амеrиканската актерка и модел Меган Фокс вели дека обврските кои ги има како мајка на две деца не се нималку лесни.

Фокс има два сина 21-месечниот Ноа Шанон и 4-месечниот Боди Рансом.

– Како мајка, многу ми е тешко што на ниту еден од нив не можам да им се посветам максимално и поради тоа чувстувам грижа на совест. Се плашам дека на овој начин нема да разберат колку се посебни и колку ги сакам – изјави Фокс за магазинот „Пипл“.

Таа вели дека постариот син веќе го научила да се грижи за својот помлад брат, наместо да гледа телевизија. Планира да им забрани користење компјутри и мобилни телефони до крајот на основото образование.

– Возбудена сум поради својата улога и едвај чекам да ги видам како најдобри пријатели во иднината – изјави Фокс.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top