| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува „Скопско летно кино“

soba za pijano

Во рамки на „Скопско лето“, вечер во Кинотеката на Македонија ќе почне „Кинотечно скопско летно кино“ со проекција на македонскиот филм „Соба со пијано“ на режисерот Игор Иванов-Изи.

Во наредните денови секоја вечер од 21 часот ќе биде прикажуван филм од светската кинематографија.

Во галеријата Даут-пашин амам, пак, вечер од 20.30 часот ќе настапи македонското трио „Академико“, составено од пијанистката Наташа Трбојевиќ, флејтистката Златка Митева и кларинетистот Бранко Павловски.

На програмата се дела од Азарашвили, Кавалини, Саламон, Еванзен и Сен-Санс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top