Нови протести против пресудата во случајот „Монструм“ денеска се одржаа во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар и Струга.

Од петочните протести во Скопје
За разлика од претходните два дена, протестите во Скопје денеска беа мирни и без големо присуство на луѓе. Протестите повторно почнаа кај Јаја-пашината џамијата, но големите полициски сили кај трговскиот центар Мавровска не им дозволи на демонстрантите, кои извикуваа погрдни пароли на сметка на обвинителката во судскиот процес и министерката за внатрешни работи, да продолжат понатаму.
Близу илјада лица излегоа на протести и во Тетово, каде во 14 часот од главниот плоштад се упатија кон седиштето на ДУИ во тетовска Мала Речица.
Со солзавец и енергична интервенција на полицајците беше спречено демонстранти да го пробијат полицискиот кордон. Инцидентите се случуваа на околу 500 метри од седиштето на ДУИ, а пред полицијата да интервенира дел од демонстрантите фрлаа со камења и други предмети кон полицајците. По полициската интервенција најголем дел од демонстрантите се разбегаа додека оние што останаа престанаа со каменување. По околу четириесеттина минути и тие се разотидоа.
Со протестен марш, собир пред Судот и скандирање пароли на албански јазик неколку стотини лица и во Гостивар го искажаа нездоволството поради пресудите во случајот „Монструм“. Протестите не беа пријавени во полициската сатница, а биле организрани преку социјалните мрежи. По собирот се движеа по гостиварските улици, а протестот заврши мирно и без инциденти.
Како што беше највено на социјалните мрежи протест против пресудите за сучајот „Монструм“ се одржа и во Дебар, но со присуство од педесетина, главно млади Албанци. Тие се собраа на плоштадот Скендербег и се упатија до Основниот суд, кој е во непосредна близина, од каде по 15-тина минути мирно се разотидоа.
Мала група демонстранти попладнево протестираа и пред општина Струга, против судската одлука за случајот „Монструм“, а протестот, според СВР Охрид, поминал без проблеми. Групата незадоволни граѓани од општинското седиште се упати кон Основниот суд, а потоа се прошетаа и низ Струшката чаршија и покрај кејот на реката Црн Дрим.
МВР денеска соопшти дека интензивно продолжува да работи на целосно расчистување и документирање на агресивните и исклучително насилни протести од петокот во Скопје.
Досега се идентификувани 24 учесници во насилствата, од кои шест вчера се изведени пред судија со кривична пријава за основано сомнение дека сториле кривично дело „учество во толпа и спречување на службено лице при вршење на службено дејствие“, информира портпаролот на МВР Иво Котевски.
Тој рече дека надлежниот суд веќе им одредил притвор од осум дена и оти се префрлени во истражен затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Откриена ДНК од четири лица во „омегата“ кај Смилковското Езеро
-
Скандал во македонското судство: Судот закажа 37 рочишта за уметниците, а за убијците на 5 лица само едно
-
Заштиениот сведок препозна неколкумина обвинети за „Монструм“
-
Се служите со истите финти како и претходниот судија – семејствата на убиените бурно реагираа на одложувањето на рочиштето на „Монструм“


