Поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон, која денеска во Берлин ќе ја претстави својата книга „Тешки избори“ изјави за „Билд ем Зонтаг“ дека рускиот претседател Владимир Путин може да биде опасен.
– Мислам дека тој може да биде опасен. Човек како Путин секогаш оди до крај, изјави Клинтон и истакна дека сега е неопходна „една јасна порака“ до шефот на Кремљ. Клинтон смета дека „најновата агресија во Украина“ на Путин мора да добие одговор во една заедничка реакција на Западот.
– Ние не можеме да дозволиме еден политички лидер, после Втората светска војна, повторно да ги повлекува границите на Европа, рече Клинтон, оценувајќи дека мнозинството Украинци сакаат да живеат во независна земја, која е моста меѓу Западот и Русија.
Клинтон, која размислува за претседателска кандидатура, истакна дека посебно младите луѓе во Украина сакаат да бидат потесно поврзани со Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Моника Левински открила сочни детали за сексот со Бил Клинтон: Ми делеше комплименти но кога отидовме во бањата…
-
Најпознатата љубовница открила како го завела претседателот: Му ги покажав гаќичките
-
Путин и Трамп ќе разговараат во движење
-
Седна на местото на Путин, а тој спонтано повлече шмекерски потег!(видео)