| четврток, 6 декември 2018 |

Приштински „Експрес“: Во Скопје протестираа Албанци или Арапи?

ekspres

Официјална Тирана и Приштина искажаа критики кон вчерашниот протест во Скопје, кој доби повеќе верски отколку албански етнички и национален призвук. Оваа контатација ја пренесува приштинскиот весник Експрес. Според весникот, висок функционер од албанската влада изјавил дека подржуваат форми на искажување на незадоволство и револт преку демократски протести, но не и инфилтирање на верски елементи, пренесува весникот Дневник.
gl
– Проблемите на Албанците во Македонија се од етнички и политички карактер и нема простор за верските проблеми.Самиот начин на искажување незадоволство со верски извикувања и верски знамиња, создава збунетост (конфузија) и ги пренасочува албанските проблеми, изјавил висок официјален претставник на Владата во Тирана.

Слична реакција доаѓа и од Приштина, каде се критикува формата на протестот и неговите елементи.
Преку социјалните мрежи мнозинството Албанци искажуваат критики за формата и „злоупотребата на протестот од страна на некои елементи и лица со верска позадина“, наведува Експрес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top