| четврток, 6 декември 2018 |

Бидете заводливи и во првата брачна ноќ

WEDDING-NIGHT-SEX-facebook

Поминавте часови и часови размислувајќи каква фризура и шминка сакате да имате на својата венчавка, но сосема заборавивте да размислите како да изгледате заводливо во текот на првата брачна ноќ?

Да бидеме реални – големи се шансите дека ќе бидете многу, многу уморни кога ќе влезете во хотелската соба со својот новопечен сопруг. Веројатно од замор ќе ве боли целото тело. Затоа ви предлагаме неколку совети за да бидете и вие помеѓу оние 48 отсто младенци кои навистина воделе љубов првата брачна ноќ.

1. Земете стапче за уши или марамчиња. Избришете ја шминката што ви се размачкала и одново нашминкајте се за да го вратите оној секси изглед.

2. Навлажнете го пешкирот и отстранете го карминот кој би требало веќе да е исушен. Нанесете хидратантен сјај за усни за тие повторно да станат привлечни.

3. Ако фризурата ви се расипала, свиткајте ја во пунџа или само пуштете ја. Неверојатно е колку поживо ќе се чувствувате ако ги извадите десетиците шноли што ви ја држеле косата целиот ден. Понекогаш разбушавената и распуштена коса може да изгледа многу секси. Ако имате кратка коса, обидете се со шампон за суво миење. Волшебен производ!

Ако сакате да изгледате навистина фантастично, намачкајте се со масло кое во себе содржи светки.

Можеби не ви е до ништо па сакате само да се фрлите на креветот: Не се секирајте, ќе има уште многу ноќи вокога ќе можете да изгледате како топ модел.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top