| четврток, 6 декември 2018 |

Секогаш е време за мода, моден викенд во Скопје од 1 до 9 април

moda

Новата сезона на модниот викенд  во Скопје ќе се одржи од 1 до 9 април под мотото „Минато, сегашност, иднина – секогаш е време за мода“. Оваа сезона, освен модните ревии и изложби, ќе се организира и проект „Ретроспектива на модата во Македонија 1983 – 2013“, поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, со кој ќе се долови процесот на создавање колекции што не познаваат граници.

Модниот викенд во соработка со Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје го организира проектот „Поп! Мода“. Во него може да учествуваат сите македонските дизајнери на облека, модни додатоци и на накит. Од пристигнатите пријави, ќе бидат избрани 12 финалисти, кои ќе ги претстават своите колекции на гала-вечер во амбасадата.

–  Седмото издание на пролет-лето 2013 ќе стави акцент на модата како неизбежен дел од секојдневието што се провлекува во секоја секунда од човековото постоење. Во рамките на седмата сезона ќе бидат претставени околу 20-ина модни дизајнери – велат организаторите на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top