Грчката противпожарна служба соопшти дека пожарот што избувна вчера на островот Крит, се уште не е под контрола, поради силните ветрови што дуваат во областа. Во гаснењето на пожарот учествуваат 17 противпожарни возила и околу 50 пожарникари, четири специјални единици, два хеликоптери, многу волонтери и локални жители.
Инаку пожари горат и северно од Атина, и во областа Магнисија, чие гаснење исто така е отежнато поради силните ветрови.
Грчката Цивилна заштита предупреди дека опасноста од пожари е исклучително висока и ги повика властите да бидат подготвени за евентуални нови огнови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.