Момчето И.М.(1989) од Куманово, вчера почина од струен удар. И.М. бил вработен во „Електролајт“ и при извршување на работи на бетонски столб за пренос на електрична енергија, допрел со главата на електрична жица. Како последица од струен удар починал на самото место.
Увид на лице место извршиле ЈО, екипа од СВР-Куманово и инспектор од Државен трудов инспекторат, во присуство на претставници од ЕВН.
Телото на починатиот е предадено на фамилијата за погреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.