| четврток, 6 декември 2018 |

Бездомник ќе добие награда 150 илјади долари, бидејќи вратил прстен

Вереникот на Сара Дарлинг, која случајно го оставила својот прстен кај бездомникот на интернет покренала акција за собирање пари за Били Рај Харис од Канзас Сити. Досега се собрани повеќе од 150 илјади долари и тоа од шест илјади луѓе

prsten

Еден бездомник ќе биде награден  за својата чесност  и тоа со 150 илјади американски долари бидејќи го вратил вереничкиот прстен кој една жена по грешка го фрлила во неговата кутија за собирање пари.

Вереникот на Сара Дарлинг, која случајно го оставила својот прстен кај бездомникот на интернет покренала акција за собирање пари за Били Рај Харис од Канзас Сити. Досега се собрани повеќе од 150 илјади долари и тоа од шест илјади луѓе.

– Мислам дека многу често прерано донесуваме заклучоци и често забораваме дека на светот постојат многу добри луѓе – изјави Дарлинг.

Харис го нашол прстенот еден час откако Дарлинг случајно го испуштила.

– Прстенот беше многу голем. Веднаш знаев дека е многу скап – изјави Харис.

Дарлинг веднаш, следниот ден се вратила до Харис и му признала дека кај него оставила нешто многу вредно.

– Ме праша дали го барам својот прстен. Кога му одговорив потврдно, веднаш ми го врати. Му ги дадов сите пари кои ги имав кај себе – изјави Дарлинг.

Бездомникот ја откри тајната на својата чесност. – Мојот дедо беше свештеник. Тој ме чуваше од бебе и ме воспитуваше по христијанските принципи – ја заврши приказната Харис.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top