Ирачкиот премиер Нури ал Малики повтори дека нема да се откаже од намерата да ја предводи новата влада и да ја продолжи борбата против бунтовниците.
Претставници на меѓународната заедница и опоненти на Малики тврдат дека за излез од кризата неопходно е да биде формирана влада на национално единство, во која ќе учествуваат не само шиити, туку и сунити, курди и други. Премиерот категорично одби да преземе таков чекор.
Портпаролот на ирачката војска Касим ал Мусави, соопшти денеска дека Малики ги сменил шефот на воените копнени сили и на федералната полиција генерал Али Гајдан и Мохсен ал Каби.
Засега не е познато кого Малики ќе именува на тие функции. Малики и минатиот месец смени тројца генерали, кои беа распоредени во северниот дел на Ирак.
Одлуката за смена на високи воени и полициски функционери доаѓа откако ирачките безбедносни сили се соочија со сериозни проблеми околу обезбедувањето на земјата, од кога кон почетокот на јуни екстремна сунитска група почна офанзива во Ирак. Екстремистите од Исламската држава Ирак и левантот појдоа во офанзива на 9 јуни и од тогаш зазедоа дел од територијата на Ирак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.