Бред Пит и Анџелина Џоли одлучиле да снимат заеднички филм и тоа на Малта, која ја посетиле минатиот месец, за да ги договорат деталите. Тоа го потврди премиерот на Малта Џозеф Мускат за Ју-Ес Викли.
– Среќен сум што Малта е повторно избрана за холивудски проект и воодушевен сум што ќе ги пречекаме господин Пит и госпоѓа Џоли и нивното семејство по втор пат. Сигурен сум дека овој филм ќе помогне за промоција на нашата преубава земја – рече тој.
Неименуван извор открива дека семејството планира да отпатува кон крајот на август и таму ќе остане осум недели. Во прашање е љубовна приказна, но други детали не се соопштуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Драмата околу старателството продолжува: Бред Пит не сака децата да бидат близу Аџелина
-
Голем пресврт: Испливаа нови детали од разводот на Анџелина и Бред, актерката шокираше со одлуката
-
Имала тајна врска со жена: Анџелина Џоли мажот го изневерувала со оваа жена!
-
Зарем тој, после онаков Бред – сите се изненадени од новиот партнер на Џоли!



