| четврток, 6 декември 2018 |

Арачиновец усмрти пешак сред Скопје

Вчеравечер во 19,51 часот во Скопје на крстосницата од ул.„Александар Македонски“, ул.„16-та Македонска Бригада“ и ул.„Интернационални бригади“, се случила сообраќајна незгода во која 31-годишниот М.П. од с.Арачиново-Скопје, управувајќи со патничко моторно возило „голф“ со скопски регистерски ознаки, удрил во пешакот Јовица П.(45) од с.Петровец-Скопје.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен во Градската болница во Скопје, каде им подлегна на повредите.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top