Египетскиoт суд денеска ги осуди лидерот на „Муслиманско братство“, Мохамед Бади, и 36 други исламисти на доживотен затвор заради поттикнување кон насилство по ланското соборување од власта на претседателот исламист Мохамед Морси, пренесоа светските агенции.
Бадија, кој е во затвор, веќе е осуден на смрт за две други кривични дела. Нему му се суди и за уште неколку други кривични дела, заедно со останатите водечки фигури од „Муслиманско братство“ – движење кое е забрането во Египет.
Судот, кој на Бадија му ја определи казната доживотен затвор, воедно ги потврди смртните казни за други 10 обвинети за истото кривично дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.